Новата Гигафабрика на Tesla ќе биде во Тексас

Објавено на 27.07.2020 во Новости



Новата Гигафабрика на Tesla ќе биде во Тексас

Tesla Inc. ќе ја гради новата Гигафрабрика во близина на Остин, Тексас, официјално објави Илон Маск. Фабриката ќе се простира на површина од 2 илјади хектари, на оддалеченост од 15 минути од центарот на Остин. Фабриката ќе биде „еколошки рај“ и ќе биде отворена за јавноста, соопшти Маск.

„Ќе изградиме фабрика што ќе биде неверојатна, а се наоѓа точно на реката Колорадо. Тоа ќе биде практично еколошки рај. Во близина ќе има велосипедски и пешачки патеки“, вели Маск.

Новата Гигафабрика е замислена за производство на Cybertrack, Model 3 и Model Y.

Автор: Aleksandar Stankov