Black Shark 3S доаѓа до крајот на месецот со нов процесор

Објавено на 27.07.2020 во Новости



Black Shark 3S доаѓа до крајот на месецот со нов процесор

Black Shark суб брендот на Xiaomi до крајот на месецот ќе лансира нова верзија на гејмерскиот смартфон кој ќе има обновен и за нијанса подобар процесор.

Black Shark 3S ќе пристигне на 31 јули со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 Plus процесор и ќе ги задржи повеќето хардверски компоненти.

Во однос на подобрување на перформансите се претпоставува дека Black Shark 3S ќе има повисока стапка на освежување на сликата на екранот помеѓу 120 и 144 Hz.





Прочитајте повеќе: