Австралиската агенција поднесе тужба против Google за измама

Објавено на 28.07.2020 во Новости



Австралиската агенција поднесе тужба против Google за измама

Австралиската агенција за конкурентност и заштита на потрошувачите (ACCC) започна судска постапка против Google, тврдејќи дека компанијата ги измамила своите потрошувачи, со цел да ги снима нивните лични податоци поради повеќе причини, меѓу кои и рекламите.

ACCC на Сојузниот суд сака да докаже дека Google не ги информирал своите корисници на правилен начин и не добил нивна дозвола за нивното прифаќање на одлуката од 2016 година за обединување на нивните лични податоци со профилот на Google со информации за нивните активности на останатите страници, кои не се поврзани со најпознатиот пребарувач, користејќи ја притоа технологијата на Google.

Google ги отфрла обвинувањата, со тоа што ги информирале корисниците и барале одобрување од нив да прифатат или не.
 

Автор: Aleksandar Stankov