Nintendo нема среќа, протекоа кодови од прототипови на популарни игри

Објавено на 28.07.2020 во Игри



Nintendo нема среќа, протекоа кодови од прототипови на популарни игри

Јапонскиот Nintendo во последните месеци се мачи со безбедноста на своите системи, затоа што хакери ја пробија нивната заштита и базата, па така загрозија илјадници кориснички профили низ цел свет.

Објавено е дека во текот на мај хакерите украле големи количини на изворни кодови од видео игри што уште не се излезени, но биле темел за развој на некои од најпопуларните игри на Nintendo.