Xiaomi Mi 10 Pro Plus изгази на бенчмарк тестот

Објавено на 28.07.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 Pro Plus изгази на бенчмарк тестот

Мобилните брендови во периодот кој следува ќе се тркаат кој ќе лансира подобар смартфон со обновениот осум-јадрен Snapdragon 865 Plus процесор, а во трката најверојатно влегува и Xiaomi Mi 10 Pro Plus.

Овој модел за прв пат беше тестиран на бенчмарк тестот AnTuTu, каде со новиот Snapdragon 865 Plus процесор забележа фантастични резултати и го надмина досегашниот шампион Asus ROG Phone 3. 

Инаку за Xiaomi Mi 10 Pro Plus се шпекулира дека ќе има подобрен дисплеј со стапка на освежување на сликата од 120Hz.