Nokia ќе ја гради 5G мрежата на U.S. Cellular на местото на Huawei

Објавено на 28.07.2020 во Новости



Nokia ќе ја гради 5G мрежата на U.S. Cellular на местото на Huawei

Финскиот комуникациски конгломерат Nokia ќе биде нов партнер на Владата на САД за изградба на 5G мрежната инфраструктура откако администрацијата на претседателот Трамп влезе во трговска војна со Кина.

Nokia за почеток ќе соработува со еден од помалите мобилни оператори US Cellular кој сака да ги зајакне 5G капацитетите за своите корисници.

Со американските мобилни оператори за изградба на 5G мобилна мрежа дозвола од американската влада доби и шведскиот бренд Ericsson.

Двете компании од Европа имаат поскапи услуги во однос на Huawei и операциите ќе траат многу подолго, но таа цена американските власти и оператори се подготвени да ја платат во страв од кинеска доминација на телекомуникацискиот простор. 

Автор: Aleksandar Stankov