Земјата со поглед од Месечината изгледа вака

Објавено на 30.07.2020 во Новости



Земјата со поглед од Месечината изгледа вака

Голема работа е да може да ја видите Месечината преку телескоп, а пак Земјата да ја гледате од Месечината? Џејмс O'Донахју претходно соработувал со НАСА во центарот за вселенски летови „Годард“, во Мериленд, САД.

Тој моментално работи за јапонската вселенска агенција, при што еден од неговите проекти е збирка од фотографии од лунарната топографија, преку податоците на НАСА, создавајќи компјутерски приказ за тоа како би изгледала земјата од гледна точка на Месечината. На видеото може да ги видите двете перспективи - птичја перспектива на Земјата и жабја перспектива на Месечината.