Instagram ве снима секогаш кога ја вклучувате апликацијата

Објавено на 31.07.2020 во Новости



Instagram ве снима секогаш кога ја вклучувате апликацијата

Корисниците забележале зелен знак дека камерата е постојано вклучена додека разгледувате на апликацијата на Instagram кај iOS 14. Анонимен корисник на Instagram објави дека станува збор за баг и дека ќе се потрудат што е можно поскоро да биде поправен.

Во апликацијата има Create Mode, кој се активира преку камерата, па така сега на тој начин се активирал и индикаторот на камерата. 

„Ние пристапуваме до камерата само кога имаме дозвола - на пример, кога сте на почетната и притиснете за да ја вклучите камерата. Видовме дека станува збор за баг кај оперативниот систем iOS 14, каде е препознаена активност на камерата, а таа е исклучена. Не пристапуваме до вашите камери и не снимаме ништо“, рекол анонимниот претставник на компанијата.