Twitter остро ќе блокира линкови со говор на омраза

Објавено на 31.07.2020 во Новости



Twitter остро ќе блокира линкови со говор на омраза

Twitter сериозно почна да воведува ред на својата платформа, а доказ за тоа е што неколку пати ги означи твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп како невистинити информации. Сега е блокиран и неговиот син Доналд Трамп Џр., оти споделувал неточни информации за COVID-19.

Активностите на Twitter се многу пошироки, досега блокираа и твитови со кои одредени корисници повикуваа на насилство или имале содржина со говор на омраза. Twitter ќе ги блокира и линковите што содржат или водат кон страниците со малвер или кои се дел од phisnihg измама и линковите што ќе бидат означени како малвер.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе: