Погледнете ја патничката кабина на вселенскиот брод Virgin

Објавено на 31.07.2020 во Новости



Погледнете ја патничката кабина на вселенскиот брод Virgin

Virgin Galactic сериозно се спрема за првите комерцијални туристички летови во вселената. На видеото може да погледнеме како изгледа внатрешноста на нивниот вселенски брод SpaceShipTwo, кој наскоро ќе ги превезе првите патници на уникатно возење.

Како што опишува Ричард Бренсон во самото видео за Virgin Galactic, прво ја осмислиле патничката кабина, а потоа направиле и вселенски брод околу него. Фокусот е на удобноста на патниците, а цената на билетот за возењето ќе биде 250 илјади долари од патник.