Апликацијата на Netflix со контроли за брзина на видеото

Објавено на 01.08.2020 во Новости



Апликацијата на Netflix со контроли за брзина на видеото

Netflix за мобилната апликација за Android ќе воведе можност за контрола на брзината на плејбек на видеото односно ќе може снимката или да се успори или да се убрза.

Според компанијата контролирање на брзината на видеата е една од најбараните функции од страна на корисниците, а исто така потегот на Netflix беше пофален и од здруженијата на глувонемите.

 Со новата функција ќе треба за секое видео посебно да ја бирате брзината, а тоа ќе може да го правите покрај стриминг и кај видеата кои сте ги симнале преку Netflix.