Трамп сака да го забрани TikTok

Објавено на 01.08.2020 во Новости



Трамп сака да го забрани TikTok

Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува извршна наредба со која ќе биде забрането да се користи мобилната апликација TikTok во САД.

Трамп смета дека било која кинеска технолошка компанија има конекции со Владата и по нивно барање може да достави податоци за корисниците со што би се загрозила националната безбедност.

Секако потезите на Трамп се поттикнати и од кинеската трговска војна која никако да биде сопрена од двете страни.