Pixel 4a со солидни перформанси и ниска цена доаѓа наскоро

Објавено на 01.08.2020 во Новости



Pixel 4a со солидни перформанси и ниска цена доаѓа наскоро

Google годинава ќе го повтори рецептот на лансирање на смартфон од средната класа со прифатлива цена од околу 350 евра кој ќе има солидни перформанси и сличен сетап како и Pixel 4.

Според најновите информации презентацијата на Pixel 4a моделот ќе се одржи за неколку дена на 3 август. 

Pixel 4a ќе располага со 5.8 инчен Full HD Plus OLED дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 730 процесор со поддршка за 5G конекција, ќе има 12 мегапикселна главна камера, батерија со капацитет од 3100 mAh и Android 10 оперативен систем.



Прочитајте повеќе: