Музички спотови сега дел и од Facebook Watch
Објавено на 03.08.2020 во Новости
Facebook постигна договор за авторски права со големите американски музички студија. Затоа отсега на платформата Facebook Watch ќе може директно да ги наоѓате и гледате официјалните видео спотови.
Засега функцијата поради регулирање на авторските права е овозможена за корисниците на Facebook во САД, но потоа треба да се прошири и во остатокот од светот.
Инаку со директното прегледување на музички видео спотови Facebook сака директно да му се спротивстави на YouTube.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.