Сите идни Audi RS модели ќе бидат електрични

Објавено на 04.08.2020 во Новости



Сите идни Audi RS модели ќе бидат електрични

Ролф Михл, директорот за маркетинг и шеф на продажба во Audi, изјави дека сите RS модели на германскиот бренд ќе бидат електрифицирани. Интересно, RS6 Avant е единствениот електрифициран автомобил во моментот. 

Во караванот со високи перформанси, Audi вградил 48-волтен благ хибриден систем со 4.0-литарски twin-turbo V8 мотор, кој развива 591 КС и 800Nm вртежи, што му овозможува на автомобилот да забрза за 3,6 секунди до 100км/час. Планот на Audi е да понуди plug-in хибридни и целосно електрични RS модели што ќе излезат на пазарот до 2023 година - RS4 и E-Tron GT RS.