Трамп: Немам ништо против Microsoft да го земе TikTok

Објавено на 04.08.2020 во Новости



Трамп: Немам ништо против Microsoft да го земе TikTok

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот соопшти дека не се противи доколку Microsoft Corp го преземе Tik Tok, најавувајќи дека ќе го забрани неговиот сервис во САД доколку не дојде до продажба до 15 септември.

Овие најави следуваат откако Трамп во петокот објави дека планира да ги забрани американските операции на кинеската видео апликација после одбивањето на можната продажба на Microsoft. Трамп соопшти дека американското министерство за финансии ќе добие големи пари од оваа продажба, но не му е јасно како ќе дојде до тоа.