Xiaomi се повлекува од Android One програмата

Објавено на 04.08.2020 во Новости



Xiaomi се повлекува од Android One програмата

Xiaomi повеќе нема да биде дел од Android One програмата на Google за лансирање на евтини смартфони со долгорочна софтверска поддршка кои работат на базичната верзија на оперативниот систем.

Прва жртва на ова повлекување ќе биде смартфонот Xiaomi Mi A4, но најверојатно и сите планирани уреди од А серијата кои нема да работат со Android One системот. 

Причината за повлекувањето е недоволната соработка за лансирање на софтверските надградби и редовното одржување на софтверот на месечно ниво, иако Xiaomi беше еден од најажурните брендови.

Засега во Android One програмaта откако беа воведени нови стандарди останува само HMD Global со моделите на Nokia. Излез од Android One семејството направи и Motorola кој инаку важеше за еден од најблиските партнери на Google.