Virgin Galactic: Концепт авион што патува 90мин. од Лондон до Њујорк

Објавено на 05.08.2020 во Новости



Virgin Galactic: Концепт авион што патува 90мин. од Лондон до Њујорк

Британската компанија Virgin Galactic го претстави концептот за новиот суперсоничен авион, кој би требало да го револуционизира патувањето и да биде правиот наследник на легендарниот Concorde.

Се работи само за дизајн и концепт, но Ричард Бренсон е секогаш сериозен во своите намери. Како партнери во развојот на овој суперсоничен авион се здружија со NASA и Rolls Royce, кој изработувал млазни мотори и за Concorde. Со овој модел треба да се патува од Лондон до Њујорк само 90 минути.