Смарт машина за рециклирање со мобилна апликација

Објавено на 28.06.2016 во Новости



Смарт машина за рециклирање со мобилна апликација

Тројца млади ентузијасти Тамара Димитрова, Стојан Димитровски и Борко Јовановски освоија прво место и награда од 10.000 долари победија на Климатскиот камп минатиот викенд. Тие направиле Ре-бот машина за селектирање на отпад, за рециклирање на пластика и лименки, кои потоа се претвараат во ситна суровина. Оваа иновација е планирана по примерот на развиените земји, така што за секоја пластика или лименка добивате наградни поени на вашата сметка, кои може подоцна да се заменат со продукт. Планирано е за почеток машината да се стави во големите маркети.

Проектот за рециклирање се состои од два дела - машина и мобилна апликација. Машината со помош на сензори препознава дали се работи за пластика(која ја дели по боја) или лименка, а подоцна рециклира. Суровините понатаму ќе се продаваат на компанијата „Пакомак“, со која веќе е договорена соработка. 

Машината има капацитет од 7 тони алуминиум или 10 тони пластика. Мобилната апликација функционира така што секој корисник ќе има свој код, преку кој добива поени на сметката. Идејата на триото е да создадат навика кај луѓето за селекција на отпадот, а парите од наградата ќе ги употребат за конструирање на машината.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}