Samsung Galaxy Note 20 – Нов екосистем за потребите во време на предизвици

Објавено на 05.08.2020 во Новости



Samsung Galaxy Note 20 – Нов екосистем за потребите во време на предизвици

Samsung Mobile соочен со глобалниот предизвик на пандемијата со КОВИД-19 на презентацијата Galaxy Unpacked 2020 истакна дека приоритет на компанијата ќе биде да ја помогне транзицијата кон новото нормално.

„Луѓето се во фокусот на иновациите на Samsung и нивните потреби, светот непредвидено се промени, мора да се дизајнира подобра иднина. Се соочуваме со голем предизвик, мора да се работи сега понапорно и тоа и го направивме, луѓето се повеќе зависат од технологијата која може да им помогне во време на криза. Денес најавуваме иновации кои се најдобри и најмодерни досега. Наша мисија е да ви овозможиме нови начини на комуникација и завршување на работата“ истакнаа од Samsung.

Така за прв пат Galaxy Unpacked се одржа целосно онлајн со конференциско присуство на фанови на Samsung од целиот свет и новинари.

Претставени се пет нови Galaxy уреди во екосистемот на Samsung, новите фаблети Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra, новиот смарт часовник за здрав живот Galaxy Watch 3, потоа таблетот Galaxy Tab S7 кој ќе има поддршка за S Pen со цртање и внес на команди и смарт безжичните слушалки Galaxy Buds Live кои имаат повисок аудио квалитет и поголема батерија.

Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra се моќни како компјутери, напредни како гејмерски конзоли.

Новите фаблети Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 Ultra доаѓаат со големина на екранот од 6,7 и 6,9 инчи, со многу живописни бои и силна осветленост, 120Hz стапка на освежување на сликата и ново заштитно стакло за отпорност на удари и гребење.

Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 располагаат со најбрзи процесори и најдобро управување на батеријата со голема издржливост и супер брзо полнење, односно половина од капацитетот ќе се полни за само 30 минути.

Фаблетите располагаат и со 10 MP селфи камера како и тројна главна камера на задната страна со различна широчина на леќата.

Во поглед на визуелната презентација на Galaxy Note 20 и Galaxy Note 20 овој пат имаме нов дизајн, естетика и изглед со главната боја на маската Mystic Bronze која ќе биде шик според модните дизајнери. Основниот модел има стаклен финиш на задната страна, а ултра моделот има засилен поликарбонат.

Наскоро очекувајте повеќе детали за техничките спецификации, цена и датум на продажба на новите Galaxy уреди.