Интерпол предупредува дека криминалците ја злоупотребуваат COVID-19

Објавено на 06.08.2020 во Новости



Интерпол предупредува дека криминалците ја злоупотребуваат COVID-19

Интернет криминалците ја злоупотребуваат пандемијата со коронавирусот со цел да ги преместат метите со кибернетските напади од поединци и мали компании на големите корпорации, влади и клучната инфраструктура, објави Interpol во вторник.

Меѓународното тело објави дека неколку држави пријавиле злонамерни малвер програми, напади врз владите, болничката и медицинската инфраструктура, кои  се веќе во проблеми поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Полициската истрага покажува дека повеќето напаѓачи ја проценуваат прецизно максималната квота што може да ја бараат од нападнатите компании и организации, тврди Interpol.

Кибернетските криминалции ги развиваат нападите со алармантна брзина, злоупотребувајќи ги стравот и несигурноста предизвикани од социјалната и економската ситуација креирана со пандемијата COVID-19, предупредува главниот секретар на Interpol, Јирген Сток.