Се продаваат ли уште класичните телефони?

Објавено на 06.08.2020 во Новости



Се продаваат ли уште класичните телефони?

Класичните телефони порано ги ограничуваа корисниците само на СМС порака и телефонски повик. Потоа почнаа да се прошируваат со вградување на првата камера, па инсталација на софтвер со одредени апликации.

Се почувствува потребата од проширено портфолио за телефоните, па Стив Џобс го намириса новиот пазар и во 2007 година го презентираше првиот iPhone - смартфон во светот.

Класичните телефони во денешно време уште се купуваат најмногу во Африка, каде што луѓето не можат да го купат ниту најевтиниот Android, додека во развиените места, ги купуваат постарите генерации што не можат да се снајдат со „Viber“ и „Messenger“. Најмногу во денешно време се купуваат Nokia 3310, Nokia 8110 и Nokia 5310, кои беа претставени од HMD Global пред некоја година.