Facebook и Twitter прв пат отстранија објава од Доналд Трамп

Објавено на 06.08.2020 во Новости



Facebook и Twitter прв пат отстранија објава од Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп долго време го уживаше својот имунитет на социјалните мрежи и го објавуваше она што обичните корисници не можеа. Сето тоа се промени. 

Facebook и Twitter отстранија една негова објава од своите мрежи за прв пат. Се работи за видео со интервјуа од Трамп во емисијата "Fox & Friends" каде изјавува дека децата се „речиси имуни“ на COVID-19. Социјалните мрежи ја отстранија неговата објава поради „дезинформации“.

Екипата на Трамп ги обвини двете компании дека се пристрасни кога станува збор за претседателот, додавајќи дека тој кажува само факт. Белата куќа се уште нема став за ова.

Автор: Aleksandar Stankov