Цукербег ја почна мисијата за „уништување“ на TikTok со новиот Reels

Објавено на 06.08.2020 во Новости



Цукербег ја почна мисијата за „уништување“ на TikTok со новиот Reels

Марк Цукерберг, основачот на Facebook, ја продолжува неговата стратегија ако не можеш да ги купиш, тогаш копирај ги и уништи ги. 

Овој пат главна мета е кинескиот конкурент TikTok кој во изминатиот период собра голем број на корисници, особено меѓу младата популација со што многу загрозено се почуствува Instagram.

Токму преку Instagram апликацијаат Reels ќе се води главната битка со конкурентот, како нова платформа за објавување на кратки забавни видеа и нивно споделување со следбениците. 

Цукерберг уште во 2016 година имаше интезивни преговори со компанијата Music.ly за целосно преземање на апликацијата за објава на плејбек видеа со звучни ефекти, но преговорите завршија неуспешно.

Претходно Цукерберг многу од функциите на Snapchat ги копираше во Instagram, а исто така успеа да ја откупи апликацијата WhatsApp која сега е под негова контрола и дел од огромниот конгломерат.