Virgin Atlantic е новата жртва на коронакризата

Објавено на 07.08.2020 во Новости



Virgin Atlantic е новата жртва на коронакризата

Британската авиокомпанија на Ричард Бренсон, Virgin Atlantic, поднесе барање за банкрот во САД. Компанијата е принудена да се реструктурира поради лошите последици од COVID-19.

Претходниот месец Virgin Atlantic доби помош од 1,5 милијарди долари за да ја задржи солвентоста, а планот за докапитализација ќе се спроведе во следните 18 месеци и дека се уште имаат поддршка од акционерите, инвеститорите и постојните кредитори.