Carrefour ги објави цените на новиот PlayStation 5

Објавено на 07.08.2020 во Игри



Carrefour ги објави цените на новиот PlayStation 5

Sony неодамна го прикажа дизајнот на PlayStation 5, како и некои од игрите од петката. Информации за дата на почеток на продажба и цената се уште немаше. Sony беше јасен дека PlayStation 5 нема да биде евтин и нема да се фокусира на прифатлива цена, туку на подобро гејмерско искуство. 

Јасно е дека тоа искуство ќе треба да се плати. Досегашните гласини беа дека конзолата ќе биде 500 евра. На страницата на францускиот малопродажен синџир Carrefour се појави PlayStation 5 со цената. 499 евра е класичниот модел со читач на дискови, со кој ќе може да се игра на Blu-ray дискови, ќе има и дигитално издание без читач на дискови со 100 евра помалку, односно 399 евра.