Google ја пушти финалната бета верзија на Android 11

Објавено на 07.08.2020 во Android



Google ја пушти финалната бета верзија на Android 11

Конечната бета верзија Android 11 е веќе објавена од Google. Ако сакате да ја инсталирате на Pixel 2 серијата преку Pixel 4 серијата, сега ќе може тоа да го направите преку следниот апдејт на 8 септември, кој ќе биде финалната верзија.

Имаше мали багови и промени во последната минута од девелоперите, така што во голема мера треба да биде подобрен софтверот. За да го инсталирате Android 11 Public beta 3 update, одете во developer.android.com/android11 и кликнете "get the beta" од долната страна на веб страницата. Потоа кликнете на "View your eligible devices" => opt-in и веројатно ќе добиете известување за софтверска надградба. Тогаш преземете ја и инсталирајте ја Android 11 beta 3. Кога ќе ја инсталирате Android 11 beta на вашиот смартфон, мора да ја чувате до 8 септември, кога ќе излезе официјалната Android 11 верзија, освен ако сакате дотогаш да направите фактори ресет. 

Автор: Aleksandar Stankov