Microsoft сака да ги преземе глобалните операции на TikTok

Објавено на 07.08.2020 во Новости



Microsoft сака да ги преземе глобалните операции на TikTok

Microsoft води интезивни преговори со кинескиот стартап ByteDance кој ја поседува популарната мобилна апликација TikTok. Засега во игра е преземање на сите глобални операции на TikTok, освен на кинескиот пазар.

Тоа значи дека ако успее договорот Microsoft би бил нов сопственик на TikTok за Северна Америка, Европа, Индија и Австралија. Рокот на преговори е поставен до 15 септември кога ќе биде соопштено дали ќе биде постигна договор или не.

Ова е поддржано и од американскиот претседател Доналд Трамп кој се закани дека ако американска компанија не го преземе раководството на TikTok тогаш апликацијата ќе има забрана за работа во САД.