Instagram Reels е дефинитивно воведен за да го сруши TikTok
Објавено на 08.08.2020 во Новости
Instagram дефинитивно ја освежи апликацијата со опцијата Reels, со која сака да го уништи TikTok. Facebook е дециден во одлуката да го победи TikTok, исто како што го победи Snapchat со Stories.
Цукерберг знае добро да ги копира туѓите идеи и да ги победи конкурентите. Со новитетот Reels корисниците ќе може да снимаат и уредуваат видеа од 15 секунди, со додавање на визуелни ефекти. Функцијата Reels е лоцирана на Explore табот, во Stories, каде постот исчезнува после 24 часа, како и досега.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.