Софтверот на Android интегриран во Windows 10
Објавено на 08.08.2020 во Android
Microsoft сака да реализира сериозни конекции со мобилниот свет преку својот оперативен систем Windows 10, кој опстојува веќе 3 децении. Корисниците на Windows 10 сега може да користат Android aпликации со Windows апликациите на своите персонални компјутери. Сега е достапна само за тестерите на Windows 10.
Новата опција е достапна само преку Microsoft апликацијата Your Phone, при што Android апликациите сега може да ги активирате и преку Windows 10. Тие се отвараат во нов прозорец, кој го претставува смартфонот на корисникот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.