Twitter призна безбедносен пропуст што ги загрозува корисниците на Android

Објавено на 09.08.2020 во Новости



Twitter призна безбедносен пропуст што ги загрозува корисниците на Android

Само неколку недели после прептрпувањето на сериозен хакерски напад кој открива дека сопствените вработени им се најслабата карика во обезбедувањето, од Twitter објавија дека овој пат има безбедносен пропуст со кој потенцијално би можел да ги изложи приватните податоци на корисниците на Android. 

Трети апликации би можеле преку Twitter да ги заобиколат безбедносните правила на Android и да ги видат приватните пораки што корисниците ги изменувале со другите корисници на Twitter. Истакнуваат и дека засега немаат докази дека до тоа навистина и дошло. Безбедносниот пропуст е веќе решен кај корисниците со Android 8 и 9, што би значело дека се заштитени 96% од корисниците на Twitter. Останатите 4% треба брзо да ја ажурираат Twitter апликацијата на смартфоните.