TikTok се шокирани од одредбата на Трамп

Објавено на 09.08.2020 во Новости



TikTok се шокирани од одредбата на Трамп

„Ќе се бориме за кон нашата компанија и нашите корисници да се постапува чесно, ако треба и на суд“, соопштија од TikTok. Кинеското министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека одлучно се противи на извршната уредба што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот, забранувајќи американски трансакции со кинески сопственици на апликацијата за размена на пораки WeChat и апликацијата за споделување на видео записи TikTok.

Кина ќе ги брани легитимните права и интереси на кинеските компании, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Венбин. 

Автор: Aleksandar Stankov