Поради американската забрана Huawei останува без чипови

Објавено на 10.08.2020 во Новости



Поради американската забрана Huawei останува без чипови

Иднината на Huawei како лидер на пазарот на смартфони не е оптимистична, поради американските санкции. Од таа причина Huawei веќе нема да ги има истите чипови за смартфони и ќе мора да го прекине производството на Kirin процесорите. За нивно производство потребни се одредени американски компоненти, но како што Трамп ги прошири санкциите кон Huawei, забрани пристап за сите компании што продаваат компоненти на Huawei.

„Ова е голем губиток за нас“, вели Ричард Ју од Huawei, истакнувајќи дека нивните партнери примале нарачки за чипови само до 15 мај, а како што веќе немаат пристап кон производството, планираат да го прекинат производството на своите чипови до 15. септември. Тој вели дека веќе немаат чипови, ниту залихи и ова би можелои да биде последната генерација на напредни чипови на Kirin.