Проверете ја точноста на „сомнителна“ порака на WhatsApp

Објавено на 10.08.2020 во Новости



Проверете ја точноста на „сомнителна“ порака на WhatsApp

WhatsApp сериозно почна со борбата против лажни информации, кои се шират на неговата платформа. После ограничувањето на бројот на контакти, до кои може да проследите одредена порака, воведува и опција со која на корисниците би требало да им го олесни проверувањето на информации што ги добиваат во пораки од своите контакти.

Така корисниците на одредени пазари во Бразил, Италија, Ирска, Мексико, Шпанија, Велика Британија и САД, после неколку пораки може да го видат логото како зголемено и неприродно, неоригинално. Со клик на таа иконка им се појавува можноста за пребарување на интернет за поимите од пораката. Новата опција „пребарај на web" всушност ја проверува пораката директно преку прелистувачот. На тој начин се зачувува безбедноста на корисникот, оти нема увид во содржината на пораките, како и тоа што корисникот го пребарува.