Toshiba го продаде делот за лаптопи на Sharp

Објавено на 11.08.2020 во Новости



Toshiba го продаде делот за лаптопи на Sharp

Toshiba веќе нема да произведува лаптопи, оти го продаде и последниот дел за производство на лаптопи и компјутери Dynabook. Sharp во 2018 година купи 80% од овој дел на Toshiba за 36 милиони долари и сега го презема останатиот дел.

Toshiba го произведе првиот лаптоп во 1985 година, кој тежел дури четири килограми и работел со Флопи диск (постарите генерации ќе се сетат на ова). Toshiba продаде над 17 милиони компјутери во 2011 година, но продажбата падна на 1,9 милиони до 2017 година. Во 2016 година Toshiba веќе не произведуваше лаптопи за европски пазар.

Автор: Aleksandar Stankov