Внимавајте, Google Street View ги знае и вашите швалери

Објавено на 12.08.2020 во Новости



Внимавајте, Google Street View ги знае и вашите швалери

Google Maps знае речиси се за корисниците, па дури и за вашите партнери. Google Maps бил шпион за еден сопруг од Перу да може да открие дека жена му го изневерува.

Кога ја вклучил локациската апликација за да ги разгледа улиците на главниот град на Перу, Лима, преку Google Street View, ја погледнал својата сопруга со друг маж. Камерата на Google ја снимала точно во моментот кога седела на клупа додека главата на љубовникот и била во нејзиниот скут.

Лицето на жената било заматено, но сопругот ја препознал по облеката. Кога се соочил со неа и ја притиснал да признае, таа не негирала. Дискусијата на крај завршила со развод.

Автор: Aleksandar Stankov