TikTok под лупата на францускиот регулатор за приватност на податоци

Објавено на 12.08.2020 во Новости



TikTok под лупата на францускиот регулатор за приватност на податоци

Францускиот регулатор за приватност на податоците CNIL, ќе ја тестира кинеската апликација TikTok дали ги поминува сите регулативи за приватност. Официјално започнува прелиминарна истрага поради жалба поднесена во мај.

„Жалбата против TikTok е примена во мај, а сега започнуваме истрага базирана на тоа. Заштитата на приватноста и безбедноста на корисниците на TikTok е наш главен приоритет“, изјавил портпаролот на CNIL. 

Регулаторот во Франција одбива да објави од која држава е поднесена жалбата и од каква природа е истата.