Microsoft Surface Duo излезе на површината со два дисплеја

Објавено на 13.08.2020 во Новости



Microsoft Surface Duo излезе на површината со два дисплеја

Microsoft го објави новиот смартфон со два дисплеја - Surface Duo, кој функционира со Android оперативен систем на Alphabet. Достапноста на уредот ќе биде овозможена од 10 септември за цена од 1400 долари.

Surface Duo е дизајниран да се отвара/затвора како книга, има два традиционални екрани, одвоени со линија, синхронизирани да функционираат заедно. Компанијата го презентира овој смартфон како алатка за попродуктивна работа со употреба на нивните апликации, затоа што многу вработени ја користат опцијата за двојни монитори на нивните персонални компјутери.

Со помош на двојниот екран им се овозможува на корисниците да ги спарат апликациите што не се изработени од Microsoft, како што се паралелно пуштање на социјалните мрежи Twitter и Instagram, додека Surface Duo нема 5G поврзаност. Уредот на почетокот ќе биде достапен само во САД.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: