Xiaomi Mi 10 Ultra доаѓа со неверојатен екран од 120Hz и 120 пати Zoom

Објавено на 13.08.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 Ultra доаѓа со неверојатен екран од 120Hz и 120 пати Zoom

Xiaomi за својата 10 годишнина го презентираше Mi 10 Ultra, кој располага со неверојатни перформанси - 6,67 инчен OLED дисплеј со 120Hz и технологија за брзо полнење од 120W. Тоа значи дека Mi 10 Ultra се полни за 23 минути, чија батерија изнесува 4.500mAh.

Телефонот располага со 50W безжично полнење, со 10W „обратно“ полнење, т.е. безжично полнење од друг уред. Mi 10 Ultra располага со четири камери, чиј главен сензор има зум до 120 пати: 4 задни камери и 1 предна камера. На задната страна има камера од 48MP+48MP+20MP+12MP, додека предната камера има сензор од 20MP лоцирана во дупка во дисплејот од левата страна.

Xiaomi Mi 10 Ultra под хауба има Snapdragon 865 процесор, 8/12/16GB RAM меморија и 128/256/512GB внатрешна меморија. Почетната цена во Кина изнесува 760 долари, се до 1.000 долари.