Xiaomi Mi TV LUX Transparent Edition е прв телевизор со проѕирен екран

Објавено на 14.08.2020 во Новости



Xiaomi Mi TV LUX Transparent Edition е прв телевизор со проѕирен екран

Xiaomi покрај Mi 10 Ultra, за својата 10 годишнина го претстави и првиот проѕирен телевизор што постои воопшто на пазарот. Xiaomi Mi TV LUX Transparent Edition е телевизор со проѕирен екран, додека елементите се лоцирани во неговата основа.

Цената на Mi TV LUX Transparent Edition би била отприлика 7.000 долари, но се уште останува несигурно дали ќе пристигне во Европа. Кога е исклучен телевизорот изгледа само како обично стакло. Под хауба има MediaTek 9659 процесор, со големина на OLED дисплеј од 55 инчи со 120Hz стапка на освежување.