Есенските планови на Apple се да освои нови пазари

Објавено на 14.08.2020 во Новости



Есенските планови на Apple се да освои нови пазари

На сите во Apple им е јасно дека во иднина не смеат да зависат само од продажба на хардвер, затоа компанијата се повеќе се свртува кон сервисите, што резултираше и зголемување на приходите. iCloud, музички, гејмерски, видео сервис, Apple News, итн.

За да привлече уште поголемо внимание, Тим Кук го лансира Apple One кон крајот на годината. Планира да ја поврзе претплатата за одредени услуги и да понуди пониски цени за корисниците што ќе поврзаат повеќе сервиси. Месечната заштеда би требало да се движи од 2 до 5 долари доколку се поврзаат корисниците на повеќе сервиси. Основната верзија на Apple One ќе вклучува Apple Music и Apple TV+. Apple Arcade ќе биде дополнително достапен во друг пакет, додека третиот претплатнички пакет ќе вклучува и Apple News. Најскапиот пакет ќе го има и iCloud, и уште еден нов бесплатен претплатнички сервис.

Се зборува дека Apple наскоро ќе има нов фитнес видео сервис, преку кој корисниците ќе може да добиваат програми за вежбање преку својот смартфон со различни фитнес активности. 
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: