Facebook отстрани 7 милиони лажни објави за коронавирусот

Објавено на 14.08.2020 во Новости



 Facebook отстрани 7 милиони лажни објави за коронавирусот

Facebook во вторникот објави дека отстранил 7 милиони објави во вториот квартал годинава, поради споделување на лажни информации за новиот коронавирус. Тоа подразбира содржина за лажните превентивни мерки и лекови. 

Facebook објави податоци во склоп на шестиот извештај за почитување на стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година заедно со најстрогите правила за пристојност после критиките дека бил благ со контролата на содржините на својата платформа.