Waze со нова опција за предупредување за железнички пруги

Објавено на 15.08.2020 во Новости



Waze со нова опција за предупредување за железнички пруги

Секој пат со преминувањето на железничките премини потребно е внимателно да се погледне на лево и десно со цел да не ве изненади возот. Компанијата Waze за таа цел сака да им помогне на возачите, која воведе опција за предупредување за железничките премини.

Кога возачот ќе се приближи до преминот со активирана апликација, добива известување од Waze. Waze се надеваат дека со ваквите известувања возачите ќе обрнат повеќе внимание при преминот на пругата, што би можело да влијае врз намалувањето на несреќите и жртвите.