Двата телеком операторa сакаат одложување на 5G поради кризата

Објавено на 17.08.2020 во Новости



Двата телеком операторa сакаат одложување на 5G поради кризата

Агенцијата за електронски комуникации спроведе јавна расправа за воведување на 5G технологија во Македонија. Двата оператора сакаат да ја одложат постапката за доделување радиофреквенции за 5G за 2021 година поради кризата.

Компанијата ЕОЛО смета дека сепак мрежата мора да се спроведе во најбрз рок. АЕК најавува дека постапката за доделување одобренија за 5G технологија започнува на крајот на 2020 година и ќе се одвива преку аукција. Така ќе се понудат поединечни одобренија. Операторите сепак не се заинтересирани за цел опсег, туку за дел од опсегот, па затоа и такви одобренија ќе се доделуваат.