Онлајн гејминг викенд организиран од Македонската Еспорт Асоцијација

Објавено на 17.08.2020 во Игри



 Онлајн гејминг викенд организиран од Македонската Еспорт Асоцијација

Македонската Еспорт Асоцијација за овој викенд се спрема за натпревар со три игри: Dota 2 со натпреварување 1 против 1 во сабота, мобилната игра и меѓународна сензација Clash Royale во недела, и турнир во шах во понеделник.

Организаторите информираат дека натпреварувањата ќе се одвиваат онлајн поради коронавирусот и ќе се пренесуваат во живо на интернет платформата за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports.