Samsung Galaxy S20 FE 5G доаѓа наскоро со добра цена

Објавено на 17.08.2020 во Новости



Samsung Galaxy S20 FE 5G доаѓа наскоро со добра цена

Galaxy S20 Fan Edition на Samsung ќе биде ценовно прифатлив модел со моќни перформанси и поевтина изработка. Новиот телефон пристигнува во месец октомври годинава. OnLeaks и Pricebaba објавија рендери со Galaxy S20 FE (Fan Edition) 5G, со 6,4-инчен дисплеј, правоаголен модул на камерата и заден панел направен од пластика, наместо од стакло како предводникот. 

Новиот смартфон ќе има компромис со намалување на меморијата, батеријата и камерата, со цел да биде поевтин. Неговата цена се очекува да биде оклу 750 долари во Јужна Кореја, а на меѓународниот пазар сигурно ќе биде минимум 800 долари.