mBanka - Komercijalna banka: Достапна во HuaweiAppGallery

Објавено на 18.08.2020 во Новости



mBanka - Komercijalna banka: Достапна во HuaweiAppGallery

Се уште имаме неинформирани корисници коишто купуваат нови модели на Huawei смартфони, дека пристигнуваат со Android оперативен систем и оневозможена Play Store продавница за апликации, поради забраната од Доналд Трамп на Google да овозможува понатамошна поддршка на кинескиот бренд Huawei продавница за апликации. 

Од таа причина компанијата беше приморана да го активира одамна планираната продавница за апликации Huawei AppGallery. Сите апликации нема да ги најдете во официјалната продавница, туку некои ги наоѓате и преку MoreApps или ApkPure. Без грижи, ги имате речиси 99% од апликациите што ги има и Android, само пристапот е поинаков.

Така на пример ја имаме и апликацијата на Комерцијална банка, која функционира беспрекорно со сите неопходни и напредни функционалности. Така, на почетната страница имате опција за: Банкомати, Наша мрежа, Курсна листа, Кредити, мБанка, Картички, Штедење, Сметки и Контакт.

Со помош на апликацијата mBanka - Komercijalna banka може да ги следите сите свои кредити, да лоцирате каде имате банкомати со помош на Локаторот на банкомати, или пак да ги плаќате директно своите режиски трошоци. Може да ги проверувате сите трансакции од една до друга дата, како и да го проверите своето салдо во секој момент. 

Дали сте веќе корисник на апликацијата mBanka - Komercijalna banka, како ви се допаѓа?

mBanka - Komercijalna banka за физички лица во себе ги обединува услугите кои можете да ги добиете при секојдневното користење на порталот на Банката, Web апликацијата на Интернет банката и генераторот на кодови за една употреба“.

„Со оваа апликација, отсега во вашиот мобилен уред ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, удобен и пред се модерен начин, лесно ќе можете да дознаете нешто повеќе за нашите производи и услуги, да ги пронајдете најблиските единици на нашата деловна мрежа, најблиските банкомати, да остварите увид во вашите сметки, да плаќате и да вршите трансфери“.