Apple спрема и ценовно прифатлив смартчасовник

Објавено на 18.08.2020 во Смарт часовници



Apple спрема и ценовно прифатлив смартчасовник

Повеќето мобилни компании во вториот квартал бележеа минуси, но Apple реализираше раст од продажбата на своите телефони, најмногу на крилата на големата побарувачка за моделот SE. Уредот што комбинира застарен дизајн и модерен хардвер ги привлече корисниците со поволна цена во споредба со останатите телефони со логото на јаболкото, а слична тактика би можел да примени Кук и екипата и на пазарот на смартчасовници.

За следната година така наводно го спремаат Apple Watch SE на кој би требало да применат слична тактика, како и со телефоните. Поевтиниот часовник би требало да биде базиран на моделот Apple Watch 3, но со најновиот процесор (S6) ќе го придвижува Apple Watch 6. Таквиот модел ќе се продава за иста цена (199 долари) по којашто се продава и денес моделот 3.

SE моделот во продажба може да се очекува само во една големина (42мм) и две верзии - класична за поврзување преку WiFi и Bluetooth и во верзија со поддршка и за мобилни мрежи. Од останатите опции претстојниот часовник би требало да има и 16GB меморија, но, се разбира, не и сите напредни опции како и најскапиот модел, на пример, не треба да се очекува EKG, always-on display, некои можности поврзани со следење на активности и фитнес и слично.