Американските медиуми: TikTok тајно собирал податоци од Android корисниците

Објавено на 19.08.2020 во Новости



Американските медиуми: TikTok тајно собирал податоци од Android корисниците

Кинеската апликација TikTok е на удар на американските медиуми, кои објавија детали од истрагата за безбедноста на апликацијата. TikTok собирал уникатни идентификатори од уредите на Android барем 15 месеци.

Се работи за MAC адресите, уникатниот сет на цифри што го идентификуваат секој уред приклучен на интернет. Рекламерите ги следат тие податоци со цел да видат што посетуваат корисниците на интернет и да го прилагодат нивното рекламирање. MAC адресата може да се злоупотреби и да се започне следење на корисникот на интернет. TikTok тврди дека актуелната верзија на апликацијата не собира MAC ареси, додека од Google објавија дека ги прегледуваат резултатите од истражувањето. TikTok наводно ја укинал праксата за следење на MAC адресите во 2019 година, во периодот кога започна истрагата против нив поради испраќање на лични податоци од корисниците во Кина.