Уште едно враќање на BlackBerry со QWERTY тастатура

Објавено на 21.08.2020 во Новости



Уште едно враќање на BlackBerry со QWERTY тастатура

Канадската компанија BlackBerry повторно лансира нов модел со класична QWERTY тастатура, соопштија од OnwardMobility, компанијата што договори со BlackBerry користење на лиценцата за брендот. Договор е склучен и со компанијата FIH Mobile (подружница на Foxconn) за производство на нови телефони.

Новиот модел се знае само дека ќе има хардверска тастатура, 5G поддршка и ќе го има на американскиот и европскиот пазар во 2021 година. Коронавирусот е причината за враќањето на BlackBerry во игра. Извршниот директор на OnwardMobility, Питер Франклин, верува дека поради работата од дома ќе има зголемена потреба од безбедни телефони со кои ќе може вработените да пристапуваат кон чувствителна содржина и апликации. 

Автор: Aleksandar Stankov